Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху гласаше на денешните парламентарни избори, изјавувајќи дека гласањето е „свет чин“.
На изборите во Ерусалим, тој се појави со неговата сопруга Сара и ги повика Израелците да излезат на гласање, објави АП.
Неговиот главен противник, Бени Ганц, кој гласаше порано денеска, рече дека гласањето ќе им донесе „нова зора“ на Израелците.
„Гласањето ќе ни овозможи да се разбудиме во нова зора, нова историја”, рече Ганц по гласањето, објави АП.
Тој ги повика сите Израелци да излезат и да гласаат, додавајќи дека тие треба „да ја преземат одговорноста“ за нивната демократија.
Парламентарните избори во Израел се одржуваат денес. Биралиштата се отворени во 7,00 часот по локално време и ќе бидат отворени до 22.00 часот.
Прелиминарните резултати се очекуваат во текот на ноќта.