Милошоски од Стразбур: Преговорите со ЕУ ќе почнат во 2020 година, а би траеле до 10 години

Македонија за жал нема да добие одлука за датум за преговори во Јуни, селективната правда и немањето реформи во администрацијата се само дел од причините. Доколку има подобра имплементација на законите и фер и демократски претс избори, тогаш може да се надеваме преговорите со ЕУ да почнат 2020 година, за време на Хрватското претседателство. Преговорите за членство во ЕУ, доколку не се појават проблеми или блокади во нивниот тек, би траеле околу 8-10 години, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој е дел од собраниската делегација на Вториот дел од редовната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа што се оддржува во Стразбур, Република Франција. Ова Милошоски го порача во видео обраќање на својот Фејсбук профил.

https://www.facebook.com/antonio.miloshoski.9/videos/2573510529344877/

 

Треба да знаете
Последни објави