Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за труд и социјална политика.
На дневниот ред на Комисијата за економски прашања е Годишниот извештај за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата за 2018 година, а на седницата на Комисијата за труд и социјална политика Предлог-законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување во прво читање, поднесен од пратеници од опозицијата.