Зад мене е луксузниот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, симболoт на криминалот и корупцијата на режимот, изграден во времето на најголемата сиромаштија во земјава. Од овој луксузен дворец, деновиве се вадат луксузни, вредни предмети и истите наводно се донираат под крајно сомнителни околности.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски пред јавноста треба да кажат колку чинат и како се набавени скапите лустери?
Дали и каде, во кој финансии извештај ја пријавиле оваа луксузна набавка?
Да потсетиме, имoтот е замрзнат заради судски предмет пред надлежниот суд а во ек на кампања не се дозволени донации. Дали криминалниот имот, стекнат на сметка на граѓаните сега се шверцува на сомнителен начин?
Еве шанса и за Гордана Сиљановска, која сака да зборува за правото, да се изјасни за лускзусните лустери и обидот на ВМРО-ДПМНЕ замрзаниот имот да го прошверцува.