Серхио Бускетс својата промоција како играч во првата екипата на Барселона ја доживеа под водство на Пеп Гвардиола кој во 2008 година му даде шанса на еден од сегашните капитени на каталонците, шанса која тој максимално ја искористи и веќе повеќе од една деценија составот од „Камп Ноу“не може да се замисли без него.
Секако Бускетс многу му должи на Гвардиола за тоа што е денеска затоа што неколку години имаше можност да соработува со него, прво во Барса Б, потоа и во првата екипа, а притоа можеа заедно да се радуваат на многу успеси и победи.
Меѓутоа еден натпревар според Бускетс се издвојува во ерата на Гвардиола во Барселона-тоа е финалето на Лигата на шампионите во 2011 година кога шпанскиот великан го доби Манчестер Јунајтед со 3-1.
– Тоа беше најдобриот натпревар во ерата на Пеп. Тоа беше натпревар каде што нашата супериорност дојде најмногу до израз. Тоа беше совршена демонстрација на начинот за тоа како сакавме да играме, – истакна Серхио.