Наставниците во Полска денес влегоа во вториот ден од штрајкот, поради кој беа затворени илјадници училишта, а владата им понуди директни разговори на синдикатите кои штрајкуваат.
Според АП, владата соопшти дека е подготвена веднаш да ја потпише понудата што ја даде претходно, а која синдикатите ја одбија како незадоволителна.
Во Полска се одвиваат испити во средните училишта, а поради штрајкот директорите на училиштата беа принудени да бараат помош од пензионирани и верски учители и оние кои не штрајкуваат.
Наставниците во Полска стапија во генерален штрајк во понеделникот со барање да им се зголемат платите бидејќи разговорите со владата пропаднаа.
Штрајкот започна без да се наведе колку долго ќе трае и ова е првиот штрајк од ваков вид во Полска од 1993 година.