Туристите што трагаат по авантуристички фотографии наскоро може да се доведат во сериозен ризик поради новиот тајландски закон кој ќе наметне казни, кои можат да бидат парични казни или смртна казна, за правење селфи на аеродромските писти, пренесува РТ.
„На туристите нема да им биде дозволено да влезат во оваа област за да фотографираат. Максималната казна е смртната казна,” изјави заменик-шефот на аеродромот во Пукет, Вичит Каетаитјам, за „Бангкок пост”.
Тоа е висока цена да се плати за совршена фотографија од одмор (#maikhaobeach дава повеќе од 20.000 слични резултати на Инстаграм), но властите предупредуваат дека трендот им ги одвлекува вниманието за пилотите и додава непотребен стрес кон веќе пренатрупаната рута за комерцијален воздушен сообраќај, која редовно се справува со 24 летови на час, 24 часа на ден.
Имајќи го ова на ум, властите ја обележаа „зоната за селфи“ на крајот на плажата на северозападното крајбрежје на островот недостапна на туристите, со казни во висина од парична казна до 40.000 бахти (околу 1.253 долари), затворска казна до 20 години, или смртна казна според тајландскиот Закон за воздушна навигација.
Беспилотните летала и светлата, особено сончевите зраци што се рефлектираат од екраните на паметните телефони, станаа главни причини за одвлекување на вниманието кај пилотите кои слетуваат во Пукет во последниве години, а Каетаитјам инсистира дека туризмот и безбедноста мора да коегзистираат.