Надлежен јавен обвинител од ОЈО Гостивар започна истрага против осомничен за за разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот вчера со употреба на сила и заканувајќи се одзел туѓ подвижен предмет со намера противправно да го присвои.
„Разбојникот влегол во спортска обложувачница во Кичево, со црна маска на лицето и со нож во раката, па се упатил кон шалтерот за уплата и исплата. Притоа со ножот му се заканил на оштетениот вработен во обложувалницата и од фиоката на работната маса одзел парични средства во вкупна вредност од 8.990 денари во различни апоени. Веднаш потоа се оддалечил во непознат правец. Осомничеиот е пронајден и уапсен“, велат од ОЈО.
Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.