Градежник бил тешко повреден вчера додека работел на зграда во изградба во Кочани.
Според полицијата, лекари од Општата болница Кочани вчера во 11.10 часот пријавиле во полиција дека околу 9 часот кај нив со повреди бил донесен Д.Ц.(59) од Кочани.
Според пријавеното, тој се здобил со повреди при изведување на градежни работи на зграда во Кочани.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Кочани и трудов инспектор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.