Грција во 2022 ќе испрати роботско возило на Месечината

Под името „Грција на Месечината” (Hellas to the Moon) во 2022 година, Грција првпат како дел од НАСА програмата, ќе испрати роботско возило на Месечината за истражување на теренот и за добивање податоци кои ќе ѝ припаѓаат на државата и ќе бидат искористени од грчките универзитети и истражувачи, соопштуваат од Министерството за дигитална политика и телекомуникации на Грција, по потпишаната изјава за соработка во САД меѓу Грчката вселенска организација (ЕЛДО) и НАСА, јави дописничката на МИА од Атина.

-Со испраќањето на „Грција на Месечината” нашата земја влегува во категоријата на мал број земји, кои имаат стапнато на површината на Месечината со нејзино возило. Грчката истражувачка заедница покажа подготвеност да придонесе со специјални идеи за приоритетите во истражувањето на Месечината. Грчката Влада и грчката вселенска служба со многу упорност и систематска работа ја надградуваат земјата и ја ставаат во првите редови на истражувањето за целокупното човештво, рече министерот за дигитална политика и телекомуникации Никос Папас по потпишувањето на договорот за соработка.

Шефот на НАСА, Џим Бриденстин истакна дека НАСА со глобален сојуз ќе оди и ќе остане на Месечината.

Треба да знаете
Последни објави