Заев и Мицкоски доцна синоќа преговарале за СЈО

Како ќе се користат материјалите од прислушуваните телефонски разговори во иднина и истрагите на СЈО отворени по истекот на предвидените 18 месеци биле во фокусот на разговорот меѓу двајцата лидери. Сепак, средбата, на која присуствувале и министерката за правда и адвокатот Тони Менкиновски, завршила со мал напредок и без договор.

Власта инсистира на законско решение со кое „бомбите“ ќе се користат како индиции, но не и како докази, ВМРО ДПМНЕ вели истрагите по 30-ти јуни се незаконски и мора да запрат. Разговорите, велат двете страни, ќе продолжат.

Во јавноста се појавија информации дека Заев на средбата прифатил голем дел од барањата на ВМРО ДПМНЕ – за прекина на истрагите на СЈО и јавен обвинител по предлог на опозицијата. Но, од министерството за правда демантираат велат суштинските разлика остануваат.

„Уште еднаш потенцираме дека сите политички партии треба да дадат приоритет на европската перспектива на нашата држава, земајќи ги предвид препораките на Европската Унија и меѓународната заедница кои се однесуваат на владеење на правото и правната држава, а кои се клучни за отпочнување на преговори со Европската Унија“,  соопшти министерство за правда.

ИЗВОР: Канал5

Треба да знаете
Последни објави