Владата на Твитер се огласи со демант на инфорацијата дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ договориле СЈО да престане да функционира во досегашната форма. Како што претходно објави Нетпрес, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев и работните групи од двете партии се сретнале вчеравечер.
Заклучено било дека СЈО нема да продолжи да функционира во оваа форма како досега, но и дека начелно е договорено опозицијата да предложи нов Јавен обвинител. Останало да се договори временска рамка во која тоа ќе се реализира. Јавен обвинител предложен од опозицијата е барање на опозицијата со кое се сака да се гарантира дополнителна непристрасност во процесите кои се одвиваат за докажување на правдата.
„СЈО не заминува во историјата! Не е точно дека се заклучило дека СЈО нема да продолжи да функционира и дека било договорено опозицијата да предложи нов JO. Преку законот за СЈО единствено нешто што ќе замине во историјата е неказнивоста“, објави Владата.
ДЕМАНТ: СЈО не заминува во историјата!
Не е точно дека се заклучило дека СЈО нема да продолжи да функционира и дека било договорено опозицијата да предложи нов JO. Преку законот за СЈО единствено нешто што ќе замине во историјата е неказнивоста.https://t.co/OR39Emwk7T
— Влада на Република Северна Македонија (@VladaMK) April 9, 2019