Ова во Босна досега никој не го видел: Сопственик на фирма подари Ауди А8 на својот најдобар работник
Сопственик на фирма од Сараево подари Ауди А8 на својот најдобар работник, во знак на благодарност.
Ваков сопственик ретко се наоѓа, овој негов гест го воодушеви целиот регион, а најмногу затечениот работник Емрах, кој ова не го ни очекувал.
– Една фирма опстојува само со добар тим. Работникот кој ги прави моите идеи реалност заслужи ваков подарок. Ова е гест од срце, бидејќи јас сум задолжен да доведам инвеститори во Босна и Херцеговина, да го пренесам моето знаење на моите луѓе. Некогаш има добри и лоши денови, но добри рабитници кои веруваат во себе и во вашиот успех со пари не можат да се платат. Ова Ауди е подарок за мојот работник Емрах, да му покажеме дека е дел од нас и дека има иднина во оваа држава, и дека заедно можеме се да направиме, изјави Семир Козиќ, сопственик на фирмата.