За последната девојка на Проески овие денови зборува целиот регион, а причината е фантастична

Андријана Будимир, последната девојка на Тоше Проески, овие денови е топ тема во нашата земја, но не поради својот приватен живот, туку поради големиот успех кој го постигнала.

Имено, таа станала тренер на младата машка репрезентација на Република Македонија, и со тоа стана првата жена на таа позиција во историјата.

Овдешните медиуми Андријана ја нарекоа челична дама во нашиот ракомет, а никој не се сомнева дека таа е вистинскиот избор за оваа позиција.

Андријана Будимир стана позната личност после смртта на Тоше Проески, со кого беше во врска. После медиумската драма, целосно се повлече од јавноста и ѝ се посвети на кариерата. После кариерата на терен, дојде време да биде тренер, а успехот кој го постигнала доволно зборува за нејзиниот труд и одрекувања. Одби да зборува за медиумите, особено ако темата е нејзината врска со трагично загинатиот пејач.

Треба да знаете
Последни објави