Момчето Василије Р. (12) од Белград извршило самоубиство синоќа половина час по полноќ, кога скокнал од седмиот кат на зградата во која живее, во Нов Белград, пишува „Телеграф.рс“.
Момчето скокнало преку прозорецот на својот стан и паднало од висина од 25 метри на тревната површина. Тоа давало знаци на живот кога соседите го пронашле, кои веднаш повикале Итна помош.
И покрај напорите на лекарите, момчето починало околу 5 часот наутро.
Според неофицијалните информации, се сомневаат на самоубиство, бидејќи детето во својата соба на работната маса оставило писмо, каде навело дека се одлучило на самоубиство, бидејќи мајка му не му дозволила да игра видео-игри.
Телото на момчето е однесено на обдукција.