Штипјанец вчера бил измамен при купување огревно дрво. Шеесет и двегодишниот М.С од Штип за само два месеца е третата жртва на ваков вид измами во источниот дел на земјава.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова денеска информираше дека штипјанецот М.С е измамен вчера, кој пријавил дека околу 11.30 часот во неговиот двор на улицата Солидарност непознато лице му понудил да купи огревни дрва по цена од 2.400 денари по кубен метар.
-Пријавителот М.С. платил 14.500 денари за дрвата нанепознатото лице, кое заминало и отишло по камионот содрвата кој наводно бил во населбата „Баби” во Штип. Пократко време М.С. увидел дека е измамен, односно не добилдрва, ниту пак непознатото лице му ги вратило парите, вели Панајотова.
Во изминатите две месеца на сличен начин беа измамени и двајца граѓани во Штип и Кочани. Полицијата работи на расчистување на случајот.



