Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ) е подготвен да направи поголемо покачување на вредноста на капитацискиот бод во примарното здравство за да подобри функционирањето на матичните лекари, е заклучокот од денешната работна средба на директорот на Фондот, Ден Дончев со матичните лекарите од приватното здравство, како и со дел од фармацевтите од Виница.
Целта на средбата беше директно и изворно да се слушнат проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лекарите и да се добијат предлози за нивно полесно решавање.
Приватните лекари побараа зголемување на поддршката од државата, слично како што во 2019 година акцентот е ставен на зголемување на платите на лекарите и специјалистите во јавното здравство.
– Во период што следи, односно во 2020 година, во преговори со лекарските комори и претставниците на матичните лекари, подготвени сме да направиме прво, позначително зголемување на капитацијата. Истовремено, нашите очекувања се да се подобри квалитетот на услугите што ги обезбедува примарното здравство. Ќе следат договори со претставниците на лекарите, по што конкретно ќе се знае колкава ќе биде вредноста на капитацијата, истакна Дончев.
На средбата со раководството на Фондот, виничките здравствени работници истакнаа поголем број проблеми, меѓу кои како најголем беше потенциран недостатокот од медицински сестри. Притоа, побараа да се подготви соодветно законско решение и да им се овозможи на немедицински лица да ги вршат административните работи