Британскиот принц Хари заедно со познатaта американска водителка Опра Винфри ќе работи документарна серија за ментално здравје за новиот стриминг сервис на „Епл“, објави Кенсингтонската палата.
Документарецот е заснован врз работата на Хари за прашања поврзани со менталното здравје, која вклучува работење со неговиот брат принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт во кампањата „Heads Together“, објави АП.
„Серијата ќе донесе приказни за неспоредливиот човечки дух кој се бори со најтемните места и ќе овозможи подобро да се разбереме себеси и луѓето околу нас”, рече принцот Хари.