(Видео) Во Северна Ирска украле багер и со него тргнале во кражба на банкомат

Надзорни камери снимиле како непознати сторители користат украден багер со цел да ограбат банкомат поставен покрај продавница во градот Лондондери, објави Би-би-си.

На снимката се гледа како багерот ја пробива сигурносната врата, а потоа го крши и корне банкоматот од ѕидот. Инцидентот се случил околу 04 и 30 часот по локално време во неделата.

Крадците откако го уништиле банкоматот, го пренеле во автомобил „ситроен берлинго“. Видеото покажува дека во кражбата учствувале неколкумина маскирани сторители.

Грабежот траел само четири минути. После тоа, автомобилот ја напуштил гаражата со банкоматот кој излегувал низ дупка на кровот од возилото.

Непознатите сторители го украдле багерот од градилиште на пониско ниво од улицата.

Ова е последен во серијата грабежи на банкомати на двете страни од ирската граница, а полицијата од Северна Ирска (ПСНИ) соопшти дека станува збор за осмиот таков инцидент во текот на 2019 година.

„Ќе има се помалку и помалку банкомати поради овие напади. Кражби на банкомати почна да се случуваат речиси секојдневно“, истакнал сопственикот на продавницата, Мартин О’Кин.

„Веројатно нема да поставиме нов банкомат, а загубата најмногу ќе ја почувствува локалната заедница“, додал тој.

Треба да знаете
Последни објави