(Видео) Аргентинска компанија произведе нов кондом – потребни се четири раце за да го отворат

Аргентиска компанија произведе нов кондом кој фокусот го стави на согласноста на двете страни да имаат сексуални односи. Новиот кондом се разликува од другите по тоа што се потребни четири раце за да го отворат.

Тој е дизајниран од рекламната агенција ,,BBDO Argentina for Tulipan”, компанија која продава играчки за возрасни и кондоми.

Извршните креативни директори на ББДО Аргентина, Хоакин Кампинс и Кристијан Росли, во изјавата за Си-ен-ен велат: ,,Тулипан секогаш зборуваше за безбедно задоволство, но за оваа кампања сфативме дека мораме да зборуваме за најважната работа во секој сексуален однос: задоволството е можно, само ако и двајцата се согласни на тоа”.

Кондомот е пуштен во ограничено издание и засега им се дели на учесници на настани во Буенос Аирес. Но, Тулипан планира да го продава онлајн во иднина. Ваквата кампања следи по истражувањето спроведено на на 30.000 луѓе од страна на АХФ Аргентина, којашто спроведува кампањи за третман и услуги на ХИВ, а којашто откри дека 20,5% од аргентинските мажи никогаш не користат заштита, 65% повремено користат кондоми и само 14,5% редовно ги користат.

Треба да знаете
Последни објави