Бруто-домашниот производ на Германија (БДП) во првите три месеци од годинава е зголемен за 0,4 отсто, во споредба со претходниот квартал, објави денеска германскиот Федерален завод за статистика врз основа на прелиминарни податоци.
Причини за растот на најголемата економија во Европа се силната лична потрошувачка и растечката градежна индустрија, откако германскиот БДП се намали во третиот квартал и стагнираше во последниот квартал од 2018 година, јави ДПА.
Германската Ви водечките економски институти претходно ги намалија прогнозите за растот за оваа година. Официјален Берлин во моментов за годинава предвидува зголемување од 0,5 отсто на БДП.