Американскиот дојавувач Едвард Сноуден, кој доби азил во Русија, реагираше на апсењето на Џулијан Асанж во Лондон, нагласувајќи дека сликите од властите на Еквадор додека го предаваат Асанж на британската полиција се мрачен момент за слободата на медиумите, пренесува РТ..
Во порака на Твитер, Сноуден рече дека фотографиите од изнесувањето на Асанж, чиј вебсајт е наградуван за новинарство, од амбасадата на Еквадор ќе завршат во учебниците по историја.
„Критичарите на Асанж може да навиваат, но ова е мрачен момент за слободата на медиумите”, напиша тој.
Сноуден потсети и дека Обединетите Нации го окаралктеризираа притворањето на Асанж како кршење на човековите права.
„Значајна заднина за новинарите кои го покриваат апсењето на Асанж: Обединетите Нации формално пресудија дека неговото притворање е произволно кршење на човековите права. Тие постојанобараа негово ослободување”, Сноуден напиша на Твитер.
Тој, исто така, објави скриншот од изјавата на Канцеларијата на високиот комесар за човекови права на ОН од 21 декември 2018 година, во која се бара Обединетото Кралство да ги почитува своите меѓународни обврски и веднаш да му дозволи на Асанж слободно да си замине од амбасадата на Еквадор во Лондон.