Јавноста веќе знае дека до Ѓорге Иванов се поднесени 27 барања за амнестија поврзани со настаните од 27 април, рече во изјава за медиумите Снежана Калеска Ванчева, пратеничка од СДСМ и коалицијата.
Сепак, нагласи таа, претседателот во заминување во никој случај не треба да помисли на таков чекор.
„Oва го говориме затоа што независно од неговата уставна можност, она што членот 84 од Уставот му го дава, а тоа е да одлучува и за барања за помилувања, во конкретниот случај зборуваме за барања за амнестија поднесени од осудени лица за настани којшто државата ја однесоа и можеа да ја доведат до работ на граѓанска војна“, посочи пртеничката.
Tаа изрази надеж дека кај претседателот ќе завладее разумот и дека до крајот на неговиот мандат Иванов ќе каже „не“ на понатамошна амнестија.
„Граѓаните заслужуваат секој оној коишто направил криминал да одговара за криминалот особено кога зборуваме за криминал од такви размери“, истакна Калеска Ванчева.
Taa исто така посочи дека на 5 мај Стево Пендаровски како нов претседател на граѓаните цврсто ќе застане на браникот на владеењето на правото и ќе ја поведе државата напред кон евроатланските интеграции.