Девојка почина за време на секс, а момчето коешто било со неа во хотелската соба вели дека ,,само си играле”. Девојката била пронајдена мртва во хотел во Локарно, Швајцарија. Сведоци за полицијата тврделе дека слушнале викање од собата на младиот пар.
Двојката пристигна во хотелот во Локарно, Швајцарија, во понеделникот.Британката Ана Флоренс Рид (22) била пронајдена мртва во бањата во собата каде што била со момче од Германија.
Ле Матин пишува дека гостите во утринските часови го алармирале хотелскиот персонал, бидејќи слушнале врисоци. Докторите дошле брзо, но можеле само да ја констатираат смртта на девојката. Corriere del Ticino пишува дека 29-годишниот Германец бил уапсен.
Аутопсијата покажа дека девојката починала поради гушење. Таа имала мали гребнатини на своето тело и фрактура. Момчето тврди дека девојката починала за време на сексуална игра.
Нејзиното момче ќе биде задржано во притвор. Полицијата го терети за убиство.