Полицијата уапси дилер на кокаин, информираше МВР.
-СВР Скопје Единица за недозволена трговија, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против А.А(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом на улица Лазар Трповски во Скопје каде престојува осомничениот. При претресот биле пронајдени и одземени два панцирни елеци, шест паковки со кокаин и една дигитална вага со остатоци од кокаин, велат од МВР.