Хрватска доби уште еден заштитен производ – пашкa сол

„Пашка сол“ е новиот хрватски производ внесен во регистарот на заштитена ознака за автентичност и заштитена ознака за географско потекло, соопшти Европската комисија, како што е цитирано од страна на хрватските tportal.

Заштитата на името „пашка сол“ вклучува два производи – ситна морска сол и „солен цвет”. „Пашка сол“ е ситна немелена морска сол добиена од морската вода во Пашкиот Залив со континуирано влевање во системот на базен за испарување, до кристализација во соланата Паг на истоимениот остров, а „солениот цвет” е произведен во првата фаза на производството на ситна морска сол и има сладникав вкус.

Солана Паг се наоѓа во една изолирана област, далеку од тешката индустрија и земјоделските активности, а морската вода во Пашкиот Залив има многу ниски нивоа на тешки метали, значително пониски од просечните вредности на Средоземното Море.

Хрватска има 22 земјоделски и прехранбени производи чие име е заштитено како заштитна ознака за автентичност или заштитена географска ознака на ниво на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави