Таткото на еден од најдобрите светски фудбалер, Нејмар ја потврди намерата на својот си за следната сезона.
Бразилската супер ѕвезда е предмет на сериозен интерес од страна на Реал Мадрид, а се споменува и интерес од страна на Манчестер Јунајтед.
Сепак, Нејмар Сантош Сениор истакна дека неговиот син планира да си го испочитува договорот кој го има со ПСЖ и со сигурност ќе остане во Париз и следната сезона.
– Фановите може да спијат мирно. Нејмар нема да си замине, не сака да го напушти Пари Сен Жермен затоа што сака да направи разлика на теренот и сака да му помогне на ПСЖ да стигне до некои титули. Трансфер шпекулациите секогаш се дел од фудбалскиот свет, но точно е дека има клубови кои го посакуваат и сонуваат за Нејмар, – заклучи Нејмар Сениор.