Дел од поранешното раководство на „Обединети за Македонија“- Охрид се вклучи активно во кампањата за избор на градоначалник на општина Охрид со поддршка за кандидатот Михаил Трендафилов – Нанче, кој доаѓа од редовите на Граѓанско-демократска унија – ГДУ.
За време на состанокот со Михаил Трендафилов и претседателот на ГДУ, Петар Колев, поранешните први луѓе на „Обединети за Македонија“ го изразија своето задоволство од фактот што сè поголем број поранешни членови на нивната поранешна партија ќе го поддржат единствениот
десничарски кандидат за градоначалничката функција во општина Охрид, соопшти ГДУ.