Кирацовски: Сите релевантни анкети предвидуваат победа на Пендаровски
Во вечерашната дебата на „Топ тема„, генералниот секретар на СДСМ и шеф на изборниот штаб, Александар Кирацовски, рече дека последната анкета на Телма, како и сите релевантни анкети предвидуваат сигурна победа на Стево Пендаровски на претседателските избори и сериозна предност уште во првиот изборен круг.
-Сите релевантни анкети го покажуваат трендот, расте поддршката за Стево Пендаровски кај граѓаните. Очекуваме победа и голема предност уште во првиот изборен круг. Поддршката за Стево е очигледна кај сите етнички заедници. Тоа е во линија и со концептот на Пендаровски за заедништво, напредок, сигурна и стабилна иднина. Очигледно дека граѓаните го препознаваат тоа и успева да допре до голем број граѓани, рече Кирацовски.