Времето ќе биде облачно со пороен дожд и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и краткотрајно засилен ветер, особено попладне. Наместа процесите ќе се поинтензивни и проследени со грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно, од пладне со повремен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови

Треба да знаете
Последни објави