Директна комуникација на Државниот инспекторат за транспорт и членките на СИЗ „Македонија Сообраќај” АМЕРИТ- Скопје предвидува Меморандумот за соработка што го потпишаа двете страни по советувањето за состојбите за превоз на патници во домашниот и меѓународниот сообраќај во Струмица.
Потписниците се обврзуваат на меѓусебна координација и соработка за целосна имплементација на целите опфатени во Меморандумот, како и за давање иницијативи и предлози за зголемување на конкурентноста на превозниците на стока и патници особено на територија на земјава.
Потписници на овој Меморандум за соработка се директорот на Државен инспекторат за транспорт г-дин Руфат Хусеини и управителот на СИЗ Македонија Сообраќај АМЕРИТ г-дин Лефтер Андонов.