ЈП „Комунална хигиена” – Скопје се приклучи кон акцијата „Волонтираме и донираме за солидарно општество”.
Целта, како што соопшти, е да помогне во создавањето книжевно катче што ќе им го олесни и разубави престојот на дечињата кои се лекуваат во Институтот за белодробни заболувања.
-Во книжевното катче дониравме сликовници со наслов „Забавно рециклирање”, што ги изготвивме за нашите најмлади сограѓани да научат како преку селектирањето, рециклирањето и правилното одлагање на отпадот да ја заштитат животната средина, наведуваат од „Комунална хигиена”