Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, вели дека со зачленувањето на Грција во иницијативата 16+1 неговата држава ја потврдила својата водечка улога на Балканот и ја обновила својата репутација.
Ципрас оценил дека неговата земја е средиште на поврзаноста во регионот и столб на стабилноста, безбедноста и соработката со североисточниот Медитеран, особено по потпишувањето на Преспанскиот договор.
„Грција пред четири години беше неуспешна земја, ‘црна овца’ во Европа, без пристап до големи предизвици и настани во регионот и во судир со своите соседи“, рекол Ципрас и додал дека денес Грција е земја која сите ја признаваат, која излегла од економските тешкотии и проблеми и земја која си го вратила угледот.