Скопјанка тешко повредена во сообраќајка во Аеродром

Скопјанка била тешко повредена, а сопатникот полесно откако со автомобилот во кој се возеле излетале од патот и се превртеле, утрово во скопската населба Аеродром.

Според полицијата, сообраќајката се случила околу 4 часот на крстосницата од булеварите Србија, Јане Сандански и Видое Смилевски -Бато.

Автомобил „голф“ што го управувала М.И. (34) од Скопје, изгубила контрола над возилото и излетала од коловозот.

М.И. и сопатникот Т.А. (42) од Скопје биле пренесени во Ургентен центар-Скопје, каде на М.И. и се констатирани тешки  повреди, а Т.А. бил полесно повреден.

 

Треба да знаете
Последни објави