– Секој вистински новинар прво ќе знае дека министрите немаат на располагање службени мерцедеси, туку пасати. Второ, со обична проверка на регистрацијата лесно ќе утврди дека мерцедесот со кој “ме фатиле жива” е во приватна сопственост, а не е службено возило. Продуцирањето на лажни вести од некој што сака да се нарече медиум, само говори за неговата кредибилност,
Така што, вистината е следна: бев на митинг денес, но не со службено возило, туку ме зедоа сопартици со нивно приватно возило.
П.С. Поздрав до фотографката, напиша Рената Десковска, министерка за Правда, откако перјаниците на опозицијата обвинија дека Десковска била фатена како се движи на партиски собир со државно возило.
Инаку многу познат факт е дека Владата предводена од Зоран Заев е строга при користење на државните возила за партиски ресурси и никогаш не се има случено такво нешто. Премиерот Заев на сите митинзи во изминатиот период користеше приватни возила, нешто што не беше случај кога премиер беше Никола Груевски, кој нарача и Мерцедес од 600.000 евра по своја мерка, со екрани на задните седишта, а со државни пари, за што беше осуден во предметот “Тенк” на двегодишна затворска казна.