Околу 600 луѓе денеска биле евакуирани од своите домови во стариот дел на Франкфурт поради отстранување на бомба од Втората светска војна.
Германската новинска агенција ДПА јави дека бомбата е деактивирана под вода што довело до силни детонации и големи фонтани во реките.
Полицијата соопштила дека бомбата повеќе не претставува опасност.
И по 70 години од крајот на војната, бомби и разна муниција сè уште се откриваат низ цела Германија.