Кандидатот за претседател, Блерим Река синоќа ја продолжи својата кампања во Желино, на која присуствуваа илјадници граѓани.
За време на митингот, Блерим Река, истакна дека таа неперспектива влијаеше за иселување на една четвртина од населението.
,,Граѓаните ни се иселуваат не само заради невработеноста, туку и од заморот од институционалната корупција, непотизмот. Ако сега не ја вратиме Републиката, а со тоа и довербата на граѓаните кон државата, ние ќе се зачлениме како празна држава. Нашите граѓани до тогаш веќе ќе бидат “интегрирани” во ЕУ. Затоа сум за евро-етланска Република, како интегрирана држава со своето население. Ако не успееме да изградиме Република со правна држава ќе завршиме како празна држава”, истакна Река.