Демократската унија за интеграција вчера одржа Изборно собрание на Форумот на жени при што се избра новото раководство, претседателката, потпретседателките, секретарот и членовите на раководството.Говор на овој настан имаше претседателот на ДУИ, Али Ахмети како и повеќе гости кои беа поканети од Косово и Албанија.
Ахмети рече дека за секое досегашно достигнување заслужна е албанската жена, во секој напредок, во сите напори, и од поголемите за слобода, правда и рамноправност, албанската мајка има дадено голем придонес.
,,Тука слушнавме во нивното претставување две жен, еден програмски говор на Грида Дума, зборови кои извираат од срцето на мајката за напредок, храброст и организација на албанските жени, го чувме и говорот на Лулиета кој извираше од длабочината на душата, болките на една мајка каде се упати повик за сите жени Албанки и покрај тоа што го виделе и го доживеале, екзекуцијата на нејзините синови и децата на нејзиното блиско семејство, сите вие да продолжите за да не го изгубите трпението туку да преживеете. Драга Лулиета, јас се трудам мајките да не доживеат болка и плач. Јас се залагам мајките, сестрите и жените Албанки да имаат ист третман во општеството затоа што не треба се заборави и историски да се заобиколи дека жената Албанка е дел од нашата древна и сегашна историја”, рече Ахмети.
Претседателот на ДУИ додаде рече дека од негова страна и од страната на неговите соработници има потполна поддршка во наредниот конгрес кој ќе се одржи ова година жените да бидат преставени од 30 до 40 посто во раководните органи на партијата.
,,Ќе бидат претставени во Централниот Одбор, Претседателството на ДУИ, како и правично застапени во сите државни институции, било во извршните или законодавците. Има волја од мнозинството на претседателите на ограноците, на членовите на Централниот одбор и Претседателството и во ова прилика сакам да им се заблагодарувам на сите кои што придонесоа во организацијата на овој многу важен настан каде ќе гласате, воедно сакам да им се заблагодарам на вашите најблиски, вашите семејства, сопружници, родителите, мајките, браќата, сестрите, тие кои што ве поддржале да бидете дел од овие важни процес и да бидете дел од нераздвојната историја на Албанците, затоа што нашата историја не може да се дели помеѓу мажи и жени, туку таа е национална историја и албанската мајка е дел од националната историја во териториите каде што живее”, истакна на крај Ахмети.