Напредокот во интеграциите, успешните економски политики резултираа со раст на економијата, раст на платите и на инвестициите. Во 2018 година забележан е рекорден износ на странски директни инвестиции од 625 милиони евра. Отворени се над 26.000 нови работни места, а стапката на невработеност падна на историски најнизок процент, 19,4- вели Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.
-Инвестициите носат повеќе пари кај граѓаните, нови и подобро платени работни места.
19 нови странски инвестиции започнаа со работа, дел се во градба, дел започнуваат со градба или се во втора фаза на инвестирање.
Меѓу нив се и компаниите:
Чагатај Кабло од Турција во ТИРЗ Скопје 1 автомобилска индустрија за електрични инсталации со 100-тина вработени во моментов.
ВИК од Германија во ТИРЗ Прилеп за производство на апарати за домаќинство со 200 вработени во моментот, а таргетот до 1000 вработувања
Теламон од САД во Скопје Инџиково браунфилд објект, производство на електрични кабли за автомобилска индустрија со 70 моментални вработувања и краен таргет до 830 вработувања.
Кранфилд Фаундри од Русија инвестиција во Пробиштип, модерна леарница за автомобилска индустрија со моментално 40 вработени, а таргет од 280 вработувања
Баумер Швајцарија во ТИРЗ Скопје 1 за производство на сензори, декодери и други електронски компоненти со околу 200 работни места
Мурат Тичарет од Турција во ТИРЗ Скопје 2 автомобилска индустрија, производство на електрични инсталации и кабли евра со моментални 300 вработени
Дура САД во ТИРЗ Скопје 2 автомобилска индустрија за надворешни трим делови, до 500 вработувања
Кеслер Германија во ТИРЗ Скопје 1 за производи на електромотори, моментални вработувања 150.
Државата, економијата, мора да продолжат да се движат напред, не смее да се враќаме назад во неизвесност и изолација. На овие избори, гласот за Стево Пендаровски е глас за раст на странските инвестиции, раст на платите. Гласот за Гордана Сиљановска е глас за да запрат инвестициите, за парите да не завршуваат кај граѓаните туку кај фамилијата од ВМРО-ДПМНЕ водена од Будимпешта.
Затоа, во недела да гласаме масовно за број три за Стево Пендаровски, продолжуваме заедно напред- Костадинов, портпарол на СДСМ.