Операторот на јапонската нуклеарна централа Фукушима почна да го отстранува нуклеарното гориво од еден од реакторите кој се стопи по катастрофалниот земјотрес и цунамито од 2011 година, објави Би-би-си.
Со користење на опрема која се контролира со далечинско управување, експертите имаат намера да извлечат нуклеарни челични прачки од реакторот број три. Се очекува дека ваквата чувствителна операција на контамираното подрачје ќе трае две години.
Следната фаза на чистење во реакторот 3 треба да биде отстранување на стопеното нуклеарно гориво кое останало длабоко во реакторот.
Портпаролката на компанијата Tokyo Electric Power Company (Tepco) соопшти дека операцијата за отстранување на горивото била одложена поради остатоци кои останале во зградата по земјотресот, како и други технички проблеми.
За време на земјотресот и цунамито во 2011 година оштетени беа зградите со реактори во Фукушима, а три реактори се растопија при експлозија која настана по временските непогоди што ја зафатија областа.
Во текот на операцијата за чистење експертите ќе се обидат да преместат повеќе од 500 радиоактивни цилиндри од потонатиот дел и со камионот да ги превезат во базен за складирање.
Проблем може да се појави ако цилиндрите се скршат или се изложат на воздух, бидејќи би можело да се ослободи радиоактивен гас.
Оваа фаза на чистење следува неколку недели откако повторно беше дозволен престој во еден од двата града во близина на централата, порди што неговите жители ќе може да се вратат во своите домови за првпат по катастрафата од 2011 година.