Во акција против калабриската мафија запленет имот од 16 милиони евра

Италијанските карабинери од Реџо Калабрија го уапсија, врз основа на обвинение за мафијашко здружување, 59-годишниот Томаз де Анџелис од кланот „Алваро-Пајеки“ на калабриската криминална организација Ндрангета и заплениле имот во вредност 16 милиони евра.

Агенцијата „Анса“ пренесе дека имотот се однесува на седум фирми со седиште во градот Латина, во централниот дел на Италија.

Се тврди дека апсењето и конфискацијата се случиле во рамки на две истраги спроведени од карабинерите во Реџо Калабрија, главниот град на јужно-италијанскиот регион Калабрија, во врска со градежни работи извршувани за потребите на железничките и општинските власти.

Треба да знаете
Последни објави