СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Х.(36) од Штип, осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори и за овозможување на употреба наркотични дроги.
Полицијата во јули лани извршиле претрес во автомобилот управуван од пријавениот, во кое како совозач бил штипјнецот П.Ш. При прегледот бил пронајден и одземен кокаин.
По преземени мерки, било утврдено дека пријавениот претходната вечер му овозможил на П.Ш. да конзумира кокаин.