Борци за заштита на животната средина денеска кусо време го блокираа мостот Ватерло во Лондон во обид да го „стопираат” градот.
Групата се обидува да блокира пет локации во централен Лондон со цел да ја натера британската Влада да прогласи климатска криза.
Групата очекува на пет локации во Лондон да се појават илјадници демонстранти.
Групата „Екстинкшен ребелион” го свртеа вниманието на себе пред две недели кога нејзини членови се соблекоа по долна облека во галеријата на Парламентот за време на дебатата за Брегзит.