Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази уверување дека неговиот тим ќе го надомести заостанувањето од Тотенхем и ќе се пласира во полуфиналето на Лигата на Шампионите.
„Петлите” победија со 1:0 во Лондон, а во средата е реваншот на „Етихад”.
– Ако ме прашувате што ќе се случи, тогаш ние ќе бидеме во полуфиналето. Такво е моето чувство во моментов. Такво чувство имав и по првиот натпревар, како и откако ја гледав снимката. Може и да грешам, но мислам дека ние ќе бидеме во полуфиналето. Резултатот во Лондон не беше идеален, но не е катастрофален. Способни сме да постигнуваме голови и токму тоа ќе го направиме, изјави Гвардиола пред „Скај Спортс”.
Победникот од двојката Манчестер Сити – Тотенхем ќе се сретне во полуфиналето Јувентус или Ајакс.