Силјановска: Груевски избега затоа што е Индијана Џонс
Зборуваме за слаба држава, држава која е пропадната, која дозволи Груиевски да излезе од неа како Индијана Џонс-вели професорката и кандидат на ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
На прашањето о како лично гледате на бегството на Никола Груевски од Македонија-Силјановска со одговор:
Лично не можам воопшто ни да кажам како гледам лично, како на нешто што укажува на неспособноста на правниот и на безбедносниот систем на Македонија или пак можеби на тоа што има способности на Индијана Џонс, или пак заради тоа што некој тоа пропушти да го спречи или му го овозможи. Значи зборуваме за слаба држава, за држава која е на границата на пропадната бидејќи ако не функционираат безбедносните структури нешто не е во ред со таа држава.
Гревовите на ВМРО-ДПМНЕ се гревови на ВМРО-ДПМНЕ, јас сум непартиски човек-одговара Силјановска на прашањето-Дел од јавноста забележува дека „правда за Македонија“ под логото на ВМРО-ДПМНЕ наоѓа контрадикторности бидејќи актуелниот почесен претседател се смета за бегалец од правдата во Македонија. Гледате ли Вие во ова контрадикторност, како што забележува дел од јавноста?
Контрадикторноста може да ја барате во однос на ВМРО-ДПМНЕ, но јас и кога ме бираа на конвенцијата и кога ме избраа реков дека гревовите на ВМРО-ДПМНЕ се гревови на ВМРО-ДПМНЕ, јас сум непартиски човек ви благодарам што отворивте порта за мене, но јас себе се гледам како претседател на сите граѓани, а не претседател на членовите и на симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ. Самите тие кои отворија порта за некој кој ги критикувал на линија на која вие говорите за мене е демократски исчекор.