На 15 и 16 април, во работна посета на Република Северна Македонија, престојува заменик-министерот за надворешни работи на Грција, задолжен за грчката дијаспора, Теренс Николаос Куик.
На средбата со МНР Димитров, беше изразено задоволство од нагорниот тренд со кој се развиваат односите и соработката, согласно начелата на Договорот од Преспа и интензивната билатерална комуникација меѓу двете земји. Заеднички беше констатирано дека историската посета на грчкиот претседател на Владата, Алексис Ципрас и потпишаните договори, означуваат значаен исчекор во конкретизирање на соработката, особено таа на економски план и преку-граничното поврзување
Министерот Димитров ја пренесе благодарноста за поддршката од Грција за интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ, истакнувајќи дека со заедничка доверба и воља, може да се решат сите прашања кои ги засегаат двете држави
Во рамките на посетата, заменик-министерот Куик беше примен и од претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот без ресор задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми и заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски.