Поранешниот гувернер на Масачусетс, Бил Велд, вчера објави дека ќе се натпреварува со претседателот Доналд Трамп за републиканската номинација во трката за претседател на 2020 година.
Велд, кој се натпреваруваше како потпретседателски кандидат во пар со либералот Гери Џонсон на претседателските избори во 2016 година, е првиот републиканец кој ја објави кампањата за номинација на републиканците за претседателските избори.
Џонсон и Велд беа на трето место на изборите во 2016 година, освојувајќи повеќе од 4 милиони гласа или 3,2 отсто од гласовите, според сојузната изборна комисија.
Велд (73) беше гувернер во традиционално демократската североисточна американска држава Масачусетс во два мандати во 1990-тите.
Велд ја објави својата кандидатура на Си-ен-ен, истакнувајќи дека е среќен што ќе се соочи со Трамп на партиските предизбори. Тој рече дека ќе биде „политичка трагедија” ако Трамп добие уште еден мандат.