Уметничките дела кои за време на пожарот беа евакуирани од катедралата Нотр Дам, ќе бидат префрлени во музејот Лувр, изјави францускиот министер за култура.
Тој рече дека лицата од противпожарната бригада, Министерството за култура и градското собрание ги заштитиле главните уметнички дела кои биле внатре, пренесе „Ројтерс“.
Уметничките дела, меѓу кои се венецот од трња, фрагмент од Вистинскиот крст, како и еден од Светите клинци, првично биле преселени во градското собрание.
Пожарот изби вчера во 18.50 часот, додека катедралата беше затворена за јавност. Во гасењето на пожарот учествуваа 400 пожарникари.