Водителот на едно пакистанско комично шоу предизвика бура од жестоки реакции откако имплицираше дека бракот е лек за проблемите со менталното здравје на жената и дека таквите болести се случуваат затоа што жените се опседнати со своите кариери, пренесува РТ.
Афтаб Икбал рече дека една жена што се однесувала како да има хистерија, всушност страдала затоа што не е во брак и зашто има кариера.
„Триесет и една година и не се омажила. Потоа се жалат дека испушта звуци и е опседната од духови. Ова е чист случај на хистерија. Вие бедни жени и вашата опседнатост со вашата кариера. Е тоа се случува кога ја вознемирувате природата”, рекол тој.
Икбал зборувал за лажните верски исцелители во своео шоу „Кабарзар“ на „Аап њуз ТВ“ на 13 април кога ја направил бизарната анализа. Братот на жената му рекол на Икбал дека неговата сестра е премногу зафатена со меѓународни работилници за да размисли за мажачка.
„Наместо да присуствува на работилници секој втор ден, нека се омажи”, предложил Икбал.
Коментарите на Икбал поттикнале бес на социјалните мрежи каде што го потсетуваа дека сега е 2019 година.
„Афтаб Икбал е оженет, па тогаш што е причината за неговото безумие”, прашал еден корисник на „Твитер“. Друг корисник напишал дека токму бракот често предизвикува проблеми со менталното здравје кај жените.