Раскинувањето е лошо искуство за двете страни, а каква ќе биде разделбата најчесто зависи најмногу од личноста која решила да стави крај на врската.
Ако планирате да го оставите момчето направете го тоа во мирољубива разделба, без да му го скршите срцето. Постојат неколку чекори што може да ги преземете пред и по раскинувањето кои можеби ќе ви помогнат во тоа.
Дадете му јасно до знаење што сакате
Луѓето обично сакаат да ја раскинат врската со некој со кого не делат исти цели, вредности, потреби и желби. Затоа, пред самиот крај направете листа за сите работи со кои не се согласувате за да му биде појасно и поконкретно да ги знае причините поради кои го оставате. Направете и една листа за себе на која ќе ги наведете вашите планови и цели за иднината и визуализирајте ги за полесно да ги остварите.
Мислете на негативните моменти
Тешко е да прекинете со некој ако само сте фокусирани на среќните заеднички моменти. Ако се обидувате да се охрабрите за раскинување концентрирајте се на негативните моменти во вашата врска и обидете се да се сетите како сте се чувствувале тогаш. Така полесно ќе се решите на разделба и ќе спречите убавите спомени да ве натераат да му дадете уште една шанса.
Бидете љубезни, но и строги
Секое раскинување е тешко и тоа не само за личноста која е оставена, туку и за таа која остава некого. Затоа е важно, кога ќе го прекинете односот со момчето, да се обидете да бидете што пољубезни и внимателни. Притоа е важно да поставите строги граници за тој да не ги протолкува вашите намери погрешно, а вие да заглавите со некого кого не го сакате.
Размислете што заслужува
Само вие знаете какво однесување заслужува мажот кој го оставате. Дали сакате да раскинете во текот на вечера во ресторан или да му испратите порака зависи само од вас, односно од причините поради кои го оставате. Можеби во вашиот случај и заслужува да му го скршите срцето, но и во таква ситуација може да одберете да бидете подобра личност од него и да ги примените претходните совети.
Гледајте во иднината
Сетете се на сите позитивни работи што доаѓаат со слободниот живот и со позитивни мисли истерајте ги сите негативни што со себе ги носи раскинувањето. Сега само вие сте важни и слободно може да бидете малку себични.